Во Супсахарска Африка 67 илјади деца се во опасност да умрат од глад поради отежнатите услови за живеење по појавата на епидемијата на Ковид-19, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).
Во соопштението од меѓународната невладина организација „Save the Children“ се наведува дека доколку не се преземат итни мерки, до крајот на годината 67.000 деца може да умрат поради недостиг на храна. Меѓународната невладина организација нагласува дека епидемијата на Ковид-19 уште повеќе ги влошила сегашните услови.
Се додава дека многу деца кои се соочуваат со недостиг на храна секојдневно се хоспитализираат, а се очекува и влошување на состојбата.
Регионалниот директор на организацијата „Save the Children“ во Источна и Јужна Африка, Јан Вале, предупреди дека кризата со храна може да ги чини живот десетици илјади деца.