Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва имаше редовна седница на која се дискутираше на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба. Беше констатирано дека Владата која ја изгласаа СДСМ и ДУИ е со стари и истрошени кадри, кои во Македонија донесоа само криминал, корупција и рекет. Состојбата со економијата и растечката сиромаштија е се позагрижувачка, има одлив на странски инвестиции наместо привлекување и зголемување на невработеноста за нови 40 илјади.
Беа донесени и повеќе кадровски одлуки.
Извршниот комитет го избра Сергеј Попов за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
На седницата на Извршниот комитет беше донесена одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.
– Иван Живковски – ОК Кисела Вода;
– Дејан Митески – ОК Аеродром
– Тони Јаревски – ОК Карпош
– Гане Петров – ОК Центар
– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод
– Јане Мицевски – ОК Сопиште
– Кенан Абди – ОК Студеничани
– Мартин Стојановски – ОК Сарај
– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба
– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров
– Ѓоко Велковски – ОК Чаир
– Дарко Костовски – ОК Бутел
– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево
– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари
– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден
– Марија Петрушевска – ОК Петровец
– Коста Маневски – ОК Зелениково
– Зоран Здравевски – ОК Чашка
– Дејан Владев – ОК Свети Николе
– Иван Јорданов – ОК Штип
– Виктор Паунов – ОК Карбинци
– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево
– Борчо Коцев – ОК Зрновци
– Митко Костадиновски – ОК Виница
– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица
– Бошко Цветковски ОК Лозово
-Киро Нацков ОК Градско
Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за Координатор на пратеничката група го избра Никола Мицевски, а за негови заменици ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова
Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседател на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.
Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.
Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ