Бизарна си ама убава си- На Гвинет Палтроу и се смееја како се негува а сега и завидуваат – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 2:25 PM

Бизарна си ама убава си- На Гвинет Палтроу и се смееја како се негува а сега и завидуваат

Таа е позната по своите прилично бизарни трикови за убавина, а сега покажа неверојатно фит тело на плажата Хамптонс на Лонг Ајленд. Да, Гвинет Платроу (47) е една од најзгодните ѕвезди во Холивуд. За нејзиниот изглед се одговорни и вообичаените трикови, како што е следниот план за вежбање: истегнување, 60 минути аеробик и 20 минути вежби за обликување на мускулите. И помага и диета богата со зеленчук, но и гимнастика за лице, стискање на лицето за зголемување на циркулацијата, спиење на грб за да се избегнат брчки на лицето и триење на кожата со коцки мраз пред да се нанесе пудрата.

Така барем актерката тврди дека е негувана. Ја шокираше јавноста доста признавајќи дека користи терапија со пчелен отров (BVT) која третира воспаленија и ги отстранува лузните на кожата, тврдат нејзините приврзаници. Викторија Бекам исто така го користи овој метод и ако се прашувате како се применува, одговорот е: оставете ги пчелите да ве касаат по лицето.

Бизарно е друго име за Гвинет Палтроу, која беше меѓу првите на светската јавна сцена што проба оросување на вагината, или барем прва што призна дека тоа го прави. Постапката брзо го изгуби својот епитет бизарен, па денес тоа е вообичаен начин на грижа за интимното здравје. И сигурно не сте заборавиле дека Гвинет продава свеќи со мирисот на нејзиниот оргазам.

Дали успеала во сето ова што го прави, видете од фотографиите во костим за капење?

Извор: srbijadanas.com

Фото: srbijadanas.com/elheraldo.hn