Ким не го симнуваат од насловните страници: Овој пат си ја убил сестрата? – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 7:53 AM

Ким не го симнуваат од насловните страници: Овој пат си ја убил сестрата?

Повеќепати беше во кома или починат, потоа почнаа „аферите“ со неговата сестра – првин ја поставил за “вицелидер“ на Северна Кореја, а сега најновата шпекулација дека си ја убил сестрата. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун никако да се симне од насловните страници на светските медиуми.

Локацијата на сестра му на Ким Џонг Ун, според најновие шпекулации, била мистерија, а некои се сомневаат дека нејзиниот брат, кој е „познат по егзекуцијата на неговите ривали“, ја „решил“.

Ким Јо Џонг се шпекулираше дека ја презема контролата врз Северна Кореја откако нејзиниот брат исчезна од очите на јавноста. Се шпекулираше дека е тешко болен, па дури и починал.

Сепак, сега е наведено дека Ким Јо Џонг исчезна и дека ја нема повеќе од еден месец, пренесува британски „The Sun“.

Пред неколку дена низ целиот свет се појави веста дека Ким Јонг Ун е во кома и дека моќта треба да помине на неговата сестра. Верната сестра на Ким стана се’ повеќе видлива за јавноста во последните неколку години и се веруваше дека таа е втората најмоќна личност во Северна Кореја.

Сепак, одеднаш, во јавноста почнаа да се појавуваат фотографии од мистериозниот лидер на земјата, во кои тој изгледа здраво. Го видовме на наводна средба со членови на партијата, но и на поле со пченка откако помина тајфунот.

Од друга страна, медиумите пренесуваат дека неговата сестра не била видена во јавноста од 27 јули, а многумина се сомневаат дека таа паднала во рацете на нејзиниот брат, кој е познат по егзекуцијата на неговите ривали.