Средношколците на протест со маски и на дистанца – бараат комбинирана настава или ќе бојкотираат – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/20 5:51 PM

Средношколците на протест со маски и на дистанца – бараат комбинирана настава или ќе бојкотираат

Средношколците денеска во 17:30 часот го започнаа својот најавен протест против владината одлука училишната година да започне онлајн.

Според настанот кој го организира Сојузот на средношколци, тие бараат развој на модели за комбинирана настава онаму каде епидемиолошката слика го дозволува тоа, а не целосна онлајн настава.

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина  да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.

Сојузот на средношколци има ограноци во 17 градови во земјава.