Трамп дели авторграми за да им помогне на настраданите од ураганот – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/20 9:14 AM

Трамп дели авторграми за да им помогне на настраданите од ураганот

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Луизијана за да ја види штетата од ураганот Лора и да ја координира државната помош. Потоа, тој одлучи да им даде автограми на луѓето и им кажа дека можат да ги продадат за 10.000 долари на Ibej.

Трамп седна со група луѓе чии куќи претрпеа големи штети од ураганот, а потоа им даде автограми.

„Продајте го ова на Ibej денес, ќе добиете 10 000 долари“, рече Трамп.

Некои предмети потпишани од американскиот претседател веќе се нудат на Ibej, а некои од понудите навистина достигнуваат илјадници долари, пренесува Скај њуз.

Фото: rts.rs