(Видео) Борбата за мнозинство трае- Мило Ѓукановиќ се обрати од седиштето на ДПС – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/20 11:49 PM

(Видео) Борбата за мнозинство трае- Мило Ѓукановиќ се обрати од седиштето на ДПС

Мило Ѓукановиќ пристигна во седиштето на Демократската партија на социјалистите. Ѓукановиќ воопшто не се огласуваше бидејќи резултатите од изборите покажаа дека тој најверојатно ја изгубил власта.  Видно е разочарувањето кај функционерите на ДПС, а разочарувањето е највидливо на лицето на Душко Марковиќ.

– Преброени се над 90 проценти од гласовите  и ДПС на изборите освои околу 145.000 гласови и 30 мандати. Таквиот резултат значи дека ДПС е најсилната партија во Црна Гора. Резултатите сè уште пристигнуваат и тешко е да се каже кои се веродостојните информации. Имаме 40 мандати со коалициските партнери, а борбата за мнозинството во пратеничките места продолжува. Ова е можност да покрај благодарноста  до вас и граѓаните кои ја дадоа својата доверба на нашата партија, да дадам поддршка на сите. Кампањата зборува за квалитетот на политиката што ја спроведува ДПС во Црна Гора – рече Ѓукановиќ.

„Се раздени. Конечно ја дочекавме слободата. Се боревме како лавови, но борбата се исплатеше“, изјави за Новости, Душко Кнежевиќ, претседател на групата Атлас, по изборите во Црна Гора.

– Мило го призна поразот. Тој е свесен за неговиот пораз, тој само го завитка во своето обраќање – вели Кнежевиќ.

На прашањето дали ќе се врати во Црна Гора и кога Кнежевиќ рече:

– Се враќам во Црна Гора. Чекам да се формира демократска влада и летам дома. Сега сум слободен човек, ме тргнаа од потерниците за Интерпол.

Извор и фото: novosti.rs