Корона вирусот се пренесува со капки од плунка, но и преку воздух, па дури и преку столче, а како најчесто луѓето се заразуваат?
Експертите велат дека со корона вирусот може да се заразиме од контаминираните површини, но дека тоа не е вообичаено. Главниот виновник за ширење на вирусот, тврдат тие, е тесната интеракција на луѓето во текот на долг временски период. Непроветрени простории, како и места на кои луѓето гласно разговаат или пејат, се исто така ризични.
Но, вирусот, според научниците, најчесто се шири со близок физички контакт, затоа тие препорачуваат да избегнувате да се ракувате, да се гушкате, да се бакнувате, да стоите многу блиску до некого.
“Вирусот се пренесува преку издишани респираторни капки и е присутен во секрецијата на назофарингеалот. Може да преживее и на кожата, на пример на прстите и под ноктите. Може да влезе во телото преку очите, носот или устата”, вели д-р Дебора Ли. За време на близок физички контакт, пренесувањето на коронавирусот лесно може да се случи преку контакт со респираторни капки, кои можат да „паднат“ на очите, носот или устата на друго лице. За да се спречи ова, многу е важно да се задржи физичката оддалеченост и да се носат заштитни маски.
Преземено од: https://mondo.rs/