Свршениокот ја изневерил пред свадба, а таа му го упропастила животот со една СМС порака – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 8:48 PM

Свршениокот ја изневерил пред свадба, а таа му го упропастила животот со една СМС порака

Една млада девојка дознала за грозоморните неверства на својот свршеник и му се одмаздила на најбрутален начин. Два дена повредената жена не престанала да плаче, но конечно се фатила за нејзиниот телефон и испратила СМС-порака, која му го уништи животот на свршеникот,  како што тој  стори и со нејзиниот.

Џесика лудо се в вљубила во Стен  уште на нивниот прв состанок. Тој бил шармантен, љубезен и згоден млад маж со добра смисла за хумор и одлични манири и го бргу и го освоил срцето. Нивната бурна врска се развила многу брзо и многу наскоро Џесика добила предлог за брак. Младата жена била на седмото небо и без многу размислување, кажала „Да“.

Подготовките за венчавката започнале веднаш. Сите пријатели и роднини ги поздравиле идните младенци и не го криеле воодушевувањето од тоа каква убава двојка се.

За жал, реалниот живот не е бајка. И сè се срушило за еден ден.

Џесика одамна ја знаела лозинката што ја користи нејзиниот љубовник за отклучување на телефонот. И штом излегол од автомобилот без неговиот телефон, таа успеала брзо да го отклучи. Она што го видела ја оставило без зборови – десетици пораки од различни девојки, огромен број женски фотографии и телефонски повици … Шокирана,  Џесика брзо излегла од автомобилот и тргнала дома. Кога Стен се вратил и го видел неговиот телефон, сè му станало јасно. Тој се обидел да ја контактира неговата свршеница, но таа не одговорила на неговите повици.

Два дена повредената жена не престанала да плаче. И тогаш таа сакала да стори нешто за да му врати на предавникот со многу лошо. И, таа одлучила да му понуди на неговиот постар брат да излезат заедно.

Таа одамна забележала дека тој не е рамнодушен кон неа и решила да го искористи тоа. Таа му испратила порака. Малку подоцна тој и одговори и планот пеофункционирал.

Нештата не се ограничиле само на една средба и двајцата почнале да се среќаваат. И иако започнало како одмазда, Џесика наскоро сфатила дека има чувства кон неговиот постар брат. Двајцата искрено се вљбиле и наскоро се венчале.

Извор: блитз.бг