Ех, да ми е овој памет а оние години- За што најмногу жалат луѓето во средни години – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 5:34 PM

Ех, да ми е овој памет а оние години- За што најмногу жалат луѓето во средни години

Повеќето луге жалат или се кајат поради нешто, па сакаат да го вратат времето назад, би сакале во животот да им се случувале некои подобри работи или размислуваат во стилот „што би било, кога би било“. Не сте имале прилика да се збогувате со некого? Предолго сте останале во лоша врска? Не сте останале во врска со вистинскиот/вистинската? Заглавени сте во лоша работа или погрешно сте вложиле пари?

Или сте им дале премногу време на другите и сте се обидувале да ве сакаат? Или жалите за вашата поранешна фигура, изглед, тежина?

Колумнистката на порталот Медиум, клиничкиот психолог Карен Нима, сакаше да истражи за што луѓето најмногу жалат кога ќе дојдат на некоја возраст – кога веќе не сте млади, но сепак имате време да направите нешто.  Анкетирала околу 50 лица на возраст од 35 до 60 години и им поставила само едно прашање: За што најмногу жалите?

Очекуваше вообичаени одговори од типот, јас не поминувам доволно време со најблиските, избрав погрешна работа или жалам за пари (што несовесно ги потрошиле или не заштедиле доволно), жал за лошо потрошено време, затоа што повредиле некого или затоа што лошо се однесувале кон некого.

Имаше такви одговори, но Нима била изненадена од бројот на големи, болни жалења што  на испитаниците во некои случаи речиси им го обликувале животот и за кои сè уште плачат, како и зачудувачката доза на самообвинување.  Меѓу најчестите работи за кои испитаниците жалеле или се каеле се истакнаа осум најчести одговори.

Не ја направиле вистинската работа кога некој близок им починал

Жалењето поврзано со смртта најмногу влијаело врз луѓето. Ова вклучува жалење што не биле со блиска личност кога таа починала; не успеале да спречат пријател да изврши самоубиство или да се скарале со нивниот татко непосредно пред неговата смрт.  Неколку испитаници се жалеле дека повеќе не се потрудиле да ги подобрат односите со некого додека сè уште имале можност. Или дека не поминувале повеќе време со некој што го сакале.  Овој вид жалење останува на површина долго време и постојано вознемирува. Тоа ги натерало да станат посвесни за тоа колку е важно да се негуваат врските со блиски луѓе.

Поминале премногу време во грижи и страв

Луѓето жалат што ги криеле своите чувства (или ги закопале целосно), ги потиснале своите потреби и желби и премногу се обиделе да ги задоволат другите – или пропуштале можности. Стравот или недостатокот на самодоверба ги натерало да жалат за работите што НИКОГАШ не ги направиле – не ризикувале, не пробале ништо друго, немаа повеќе љубовни врски, не избрале поинаква кариера, не патувале повеќе.

Жал што останале во безбедносната зона

Цврсто држење за сигурност; играње на „сигурно“, избегнување ризици и чувство на притисок на одговорност кон децата, партнерите, хипотеки, родителство, долгови, притисок на работа – и нема време за промена.

Жал за предолго трпење на лоша ситуација (на работа / во врска)

Жал за предолго останување на работа, што го мразеле или им бил досаден, како и останување  во незадоволителна (дури и отровна) врска, е скоро честа појава кај многумина. Како и жалење што ја сакале погрешната личност која им го скршила срцето.

Жал што не заштедиле пари повеќе

Скоро сите испитаници жалеле за начинот на трошење на парите. Дури и оние кои имаа многу пари жалеле за начинот на кој ги потрошиле – или како не ги потрошиле. Излегува дека освен болката од губење на најблиските, парите најмногу нè загрижуваат.

Жал што повеќе не биле образовани или што избрале погрешен позив

Многумина жалат што немале поголема решителност и дисциплина да добијат поголемо образование или што не ја избрале струката што им лежи во срцето, туку оној што сметаа дека ќе им донесе сигурност. Во сите случаи, луѓето се жалеа на ова затоа што не им се допаѓало што прават во моментот, но не знаеја како да го променат (или сметале дека е премногу ризично да се обидат).

Жал за пропуштени прилики

Овој вид жалење најчесто се однесувало на работи што не биле во нивна контрола. Како неможноста да се има дете. Не нашле партнер за живот. Или затоа што биле одбиени од саканата личност. Или дека раскинале одлична врска. Неколку испитаници изразиле жалење што се венчале или основале семејство премногу млади и затоа биле лишени од посакуваната кариера.

Жал што правеле глупави или погрешни работи

На списокот се наше и каењата што ги повредиле другите (партнери, пријатели, родители), поради злоупотреба на алкохол и дрога, заради премногу врски со погрешни луѓе. Едно лице призна дека е силеџија, други признале дека се нарцисоидни, глупави, наивни, или неискусни, или одбивни, или неспособни да се извинат. Жал за работи што ги прават да се чувствуваат  засрамени, работи во кои секој треба да биде подобар во средната возраст, но не се.

Извор: mondo.rs

Фото: jutarnji.hr