Големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски започна со утринската света божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-Осоговски г.Григориј во сослужение со г.Јосиф и свештенството од Кумановско-Осоговската епархија, кривопаланечко архиерејско намесништво.
Голем број верници од Крива Паланка и околината, како и од сите краеви на земјата денеска ги посетија храмовите во комплексот, црквата посветена на Пресвета Богородица и манастирот посветен на светецот-закрилник на градот, св.Јоаким Осоговски.
По литургијата во дворот на црквата беа благословени славските колачи од верниците кои овој ден го празнуваат како домашна слава, а беше осветена и вода.