Зоран Заев, мандатарот за состав на нова Влада, денска при постата на Македонска Камница за Денот на рударите, порача дека СДСМ ќе се откаже од својот потпретседател во Собранието, доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право.
Ваквиот коментар на претседателот на СДСМ следува по одлуката на Собранието спикрот Талат Џафери да има пет потпретседатели кои би зимале 20.000 денари поголема плата. Игор Јанушв, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вчера рече дека најголемата опозициска партија се откажува од потпретседателот што и следува.
-Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии. Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев.