Членовите на Советот на Вардарскиот плански регион на својата 12-та седница во Велес донеле Одлука со која се утврдува приоритет за пријава на проектот „Згрижување на бездомните животни, кучиња скитници во Вардарски плански регион преку изработка на проектна документација за изградба на регионален центар – прифатилиште”.
Истиот е во рамки на Фондот за техничка документација во рамките на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти” на УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Апликацијата за истиот ќе ја изработи Центарот за развој на Вардарски плански регион и ќе ги преземе сите неопходни активности, во согласност со насоките, за добивање средства од Вториот повик за поднесување на предлог проекти за подготовка на техничка документација за инфраструктурни проекти преку Фондот за техничка документација. За оваа одлука од вчерашната седница,денеска информираа од Општина Велес.
На седницата со која раководел велешкиот градоначалник Аце Коцевски кој е претседател на Советот на Вардарскиот плански регион присуствувале градоначалниците на општините во Вардарскиот регион кои се основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, претставници од Швајцарската Амбасада, на Проектната канцеларија на Швајцарската агенција за развој и соработка и на Министерството за локална самоуправа.
Манасијевски ги објаснил контекстот, идејата, резултатите и целта на проектот, поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Исто така биле претставени и насоките и новитетите во однос на организирањето на граѓанските форумски сесии кои имаат за цел вклученост на граѓаните од заедницата во процесот на донесување на одлуки.