Жирито на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ одлучи наградата млад актер да му припадне на штипјанецот Ефтим Трајчов Ѓаурски На свеченото затворање на „Гола месечина“, кој од 18 до 23 јуни, се одржа под отворено небо на сцената поставена во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Скопје, беа доделени седум награди. Една од нив за млад актер му беше доделена на Ефтим Трајчов Ѓаурски, од Народен театар , Штип.
– Од денес и официјално се’ уште сум млад, напиша Трајчов на својот Фејсбук профил. Трајчов ова големо, мотивациско признание го заработи благодарение на улогата на Бруно во театарската претстава „Умри машки“, каде игра заедно со неговите колеги Душица Тренева и Милорад Анѓелов.