Свеченоста за Денот на единицата- беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од COVID – 19 и без присуство на цивилни гости – пријатели на тетовската касарна кои во минатите години секогаш биле дел од армиските свечености.
На свеченоста присуствуваше командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Бесник Емини, кој со свој пригоден говор им го честиташе Денот на единицата на сите припадници. Покрај командантот на 1.пбр на свеченоста присуствуваа и командантите на останатите единици на Армијата и поранешни команданти на единицата, кои со своето присуство го збогатија овој настан.
По повод денот на единицата, командантот на 3.пб, потполковник Изеир Ејупи во своето обраќање истакна:
–Денес одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна држава, а денешната свеченост е уште една можност да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела.
По повод неодамнешното одликувањето на Баталјонот со ОРДЕН за ВОЕНИ ЗАСЛУГИ, Командантот на касарната Ејупи истакна:
-Патот до успехот е сигурен само кога зад себе имате професионален, вреден, чесен и лојален тим, честа и задоволство му припаѓа на 3.пешадиски баталјон што има таков состав, а среќата и привилегијата на раководителот – командантот кој раководи со таков тим при што не претставува поголема потошкотија да го достигне успехот.
На свеченоста, беа интонирани државната химна, химната на Армијата и химната на НАТО, а по повод денот на единицата беа доделени поголем број на стимулативни мерки, унапредени и наградени и пофалени се старешини и војници.