Шпионско гнездо на КГБ и проституција „скриено“ на покрив на луксузен хотел – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 7:30 PM

Шпионско гнездо на КГБ и проституција „скриено“ на покрив на луксузен хотел

Откако советските власти го изградија импозантниот и луксузен хотел Виру во Талин во 1970-тите, Естонците почнаа да се шегуваат дека зградата е направена од микро бетон – бетон и микрофони.

Малкумина имаа пристап до најгорниот кат на хотелот, каде што раководството тврди дека има само „технички простории“. Кога КГБ ја напушти земјата во раните 90-ти, слободните Естонци открија дека „техничките простории“ имаат софистицирана опрема за прислушување во стилот на Џејмс Бонд.

Новите сопственици на хотелот ги чуваа просториите точно како што ги остави КГБ. Вратата сега гласи „Тука нема ништо“ на англиски и естонски, што е  официјалниот одговор даден на секој што ги прашал што стои зад вратата.

Посетителите можат да направат обиколка со водич која се фокусира не само на тоа како е да се живее во земја каде сè е прислушувано, туку и за необичната историја на хотелот, за проституција, шпионажа и едно од најдоброто пилешко, кое можело да се најде за време на Советскиот период, пишува Атлас Обскура.

Самиот музеј се наоѓа на горниот кат на хотелот Виру, но може да се стигне само со водич од лобито на хотелот.

Извор: blitz.bg