Две лица се смртно застрелани, а едно е повредено на протестите во американската сојузна држава Висконсин, одржани против ранувањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицијата.
Полицијата во градот Каноша соопшти дека таа одговорила на дојава за истрели од огнено оружје и за жртви. Во соопштението се наведува дека трета жртва од истрели од огнено оружје е однесена во болница со сериозни повреди, но дека е надвор од животна опасност. Синоќа бил уапсен осомничен малолетник за убиството на двајцата демонстранти.
Демонстрантите и’ се противставија на полицијата и на Националната гарда и се обидоа да ги урнат барикадите пред Судот во Кеноша, во третата последователна вечер од протестите.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави засилување на безбедносните сили.