За „27 април” ќе сведочат 15 пратеници, судењето продолжува на 4 септември – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 12:05 PM

За „27 април” ќе сведочат 15 пратеници, судењето продолжува на 4 септември

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, откако на денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази.

На 4 септември треба да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на денешното рочиште беше презентиран видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Прво, беше пуштен делот од обраќањето на Зоран Заев од собраниската говорница, во кое повикува да не се крши деловникот и да се заврши изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Со тоа, Вељановски, рече дека се покажува дека во испратената смс порака, тој само пренесува дел од обраќањето на Заев во кое вели дека ќе изберат претседател на Собранието и во ходник, па и во МАНУ.

Вељановски, потоа побара да бидат пуштени делови од обраќањата на пратениците Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски, Илија Димовски, Панче Минов … од кои рече дека може да се види дека тримесечното доцнење на изборот не е по негова вина, туку на пратеничките групи.

На крај беше пуштен делот по паузата дадена во 17:11 часот, и продолжението на седницата во 17:24 минути.

По процедуралните на Оливер Спасовски и Илија Димовски, на говорница излегува и Крсто Муковски кој ја пее химната на Македонија, а од видеото се гледа како стануваат сите пратеници и на крајот добива силен аплауз. Потоа пратениицте од СДСМ извикуваат “гласање”, а од ВМРО-ДПМНЕ извикуваат „избори” и „Македонија”.

Ваљаноски по ова укажа, дека се гледа дека тој не дава веднаш збор на Зекирија Ибраими, како што се вели од обвинителство, туку дека има тројца пратеници кои добиваат процедурално по Мукоски, па потоа пратеникот Зекирија Ибрахими, добива право на збор и ја пее химната на албански.

Од снимката се гледа дека потоа Вељаноски, ја прекинува седницата во 18:01 минута и кажува дека продолжува следниот ден во 11 часот.

– Од ова се гледа дека ништо не е нашравено спротивно од деловникот. Дека ништо не е поинаку сега кога веќе трае еден месец, изјави Вељаносски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

МИА