Со помош на граѓаните од општина Пласница кои се наоѓаат на привремена работа во западно- европските земји, но и од други хумани луѓе, деновиве во завршна фаза се две нови куќи за две социјално загрозени семејства во село Преглово.
Општината Пласница отстапи место за градење на куќите за овие две семејства и тоа едното тричлено, а другото петчлено семејство, кои живееја во многу тешки услови.
– За семејствата на Мујо и Раим, наши сограѓани кои живеат и се на привремена работа во странство сообраа средства и сега веќе двете куќи се во последна фаза на изградба. Но она што е најбитно средствата се обезбедени за прозори и внатрешно уредување на куќите, морам да им се заблагодарам на сите добронамерни луѓе кои помогнаа да се градат овие две куќи, бидеќи еден мал дел од средствата се обезбедени и од овдешни донатори, рече в.д. градоначалникот на општина Пласница Елсан Нурчески.
Тој најави дека за да се вселат овие семејства во новите куќи, преостанува донација на апарати за домаќинство, мебел односно покуќнина.
МИА