Список на зеленчук за вашето тело да ги добие сите неопходни витамини и минерали – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 1:39 PM

Список на зеленчук за вашето тело да ги добие сите неопходни витамини и минерали

Овој список е богат е со витамини, минерали, растителни влакна и сето она што е важно за правилно функционирање на човечкото тело. Но, не сите зеленчуци се подеднакво корисни, некои содржат многу скроб и минимум корисни материи.

Во продолжение, можете да откриете список на зеленчук што ќе му обезбеди на вашето тело сè што е потребно.

Моркови


Овој зеленчук е вистински магацин на антиоксиданти – бета-каротин, кој се претвора во витамин А во организмот. Редовното консумирање на моркови ќе има корисен ефект врз здравјето на очите, состојбата на кожата, ќе помогне да се забави стареењето и ќе ви подари  рамномерен тен.

Брокула

Брокулата со право ја освои титулата супер храна: овој зеленчук е невообичаено богат со витамини А, Б6, Ц и К, калиум и растителни влакна. Поради својот состав, брокулата помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања и гастроинтестинални проблеми, ја подобрува работата на мозокот и состојбата на кожата. Покрај тоа, таа има малку калории, што го прави идеален диетален производ.

Репка

Можеби не е најпопуларен, но ова е многу здрав вид зеленчук. Репката е невообичаено богата со калциум, фосфор и калиум, кои не се неопходни за правилно функционирање на нервната активност и здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Аспарагус

Аспарагусот е прекрасен на секој начин: тоа е вкусно, здраво и од него можете да направите десетици различни јадења. Овој зеленчук е магацин на витамини А, Ц, К, Б витамини и растителни влакна, и содржи практично никакви калории.

Карфиол
Овој зеленчук треба да биде дел од вашата диета. Карфиолот е одличен извор на антиоксиданти, омега-3 масни киселини, витамини и минерали. Во исто време, има малку калории и е погодно за подготовка на најразлични јадења.

Цвекло

Богато е со Б витамини, витамини А, Ц, ПП, калиум, фосфор и есенцијални аминокиселини. Активните супстанции содржани во овој зеленчук спречуваат појава на васкуларни грчеви, ги прочистуваат крвните садови и го намалуваат крвниот притисок. Фолната киселина го спречува предвременото стареење и значително ја подобрува состојбата на кожата.

Сладок компир
Слаткиот компир стана модерен херој не само поради својата фотогеничност, што го ценат многу од insta-блогерите, туку и заради масата на корисни својства. Слаткиот компир е богат со минерали, витамини А и Ц, висока хранлива вредност и сладок вкус

Преземено од: https://stil.kurir.rs/