Отказ за административец – партиски активист на ВМРО ДПМНЕ од Штип затоа што држела прес конференција – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 11:24 AM

Отказ за административец – партиски активист на ВМРО ДПМНЕ од Штип затоа што држела прес конференција

Поранешната директорка на Дом на млади од Штип, сега дел од администрацијата на Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова, добила отказ поради тоа што држела партиска прес конференција во предизборието, во време кога била на боледување.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој реагира дека ова е пресметка со неистомислениците  најави дека на прес конфекренција ќе ги објави деталите. Став најавија и од Општината Штип, според која, запазени се сите законски процедури пред одлуката за отказ.

Повеќе информации очекуваме по изјавите.