Вечер полна љубов – Журка со „Љубојна“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 9:24 AM

Вечер полна љубов – Журка со „Љубојна“

Средите во музичкиот бар „Интермецо“ веќе станаа вечери посветени на убавата музика, а, пред сè, вечери посветени на домашната музичка сцена. Овој пат, утре вечер (26 август)  во најава е дружбата со „Љубојна“ и уникатниот глас на неповторливата Вера Милошевска.

Оригинални како и секогаш Вера и Оливер и овој пат пред себе поставуваат нов креативен предизвик, ново изненадување за публиката која ќе ужива во нивниот совршен звук, нивното музичко патување низ уникатниот репертоар.

Оваа среда се најавува како незаборавна акустична вечер, како вечер исполнета со музика за мерак, музика за душа. Секој стих, секоја нота ќе бидат, како и секогаш, отпеани за и со љубов. Магија која не смее да се пропушти, зашто Љубојна е чиста љубовна креација.

Од „Интермецо“ и овој пат нагласуваат дека влезниците заради почитување на протоколите се во ограничен број, и велат:

„Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ.“