Дали се ова гробишта? Меланија ги изнервира Американците со реновирање на градината на Белата куќа – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 8:58 AM

Дали се ова гробишта? Меланија ги изнервира Американците со реновирање на градината на Белата куќа

Пред неколку месеци беше објавено дека Меланија Трамп, сопруга на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја реновира градината во Белата куќа среде пандемија. Во саботата, првата дама на САД ги откри плодовите на нејзините напори – но, не сите промени се на подобро, pa јавноста не престанува да ја критикува.

Според порталот Indy100.com, Меланија нема „зелени“, туку „бетонски“ прсти, затоа што исфрлила и заменила многу убави цвеќиња – од кои некои ги засадила нејзината претходничка Џеки Кенеди во 60-тите – како и прочуената цреша, која некогаш ја украсувала градината, сега се поплочени патеки и грмушки.

Градината пред Овалната просторија е создадена во 1913 година и ја уредувала Елен Вилсон, на местото на некогашната колонијална градина на првата дама Идит Рузвелт од 1902 година.

Оттогаш тој остана непроменет до Џеки Кенеди. Градината е редизајнирана во 1961 година од Рејчел Мелон, која создаде простор со дефиниран централен тревник, со ивици од американски типови цвеќиња, украсени во француски стил.

Сè до Меланија, градината ја следеше таа шема. Цветните леи се засадени со жива ограда од мамус и доцна липа во облик на дијамант. Надворешните рабови на цветниците со поглед на централниот тревник се со шимшир, а на секој агол од градината се поставени магноли.

Сепак, промените не ги воодушевија Американците, кои го искажаа своето мислење на социјалните мрежи.

Некои извлекоа паралела помеѓу првата дама на САД и поранешната француска кралица Мари Антоанета, која трошела на луксуз додека нејзините луѓе гладувале, особено за време на финансиската криза предизвикана од пандемијата на вирусот корона.

“Indipendent” наведува дека корисниците на социјалните мрежи ја обвиниле Меланија за „отстранување на розовата градина на Џеки“ и „направила гробишта“.

Indy100.com  наведува дека отворањето на новата градина се совпаѓа со најавата дека Меланија Трамп ќе одржи говор во рамките на Републиканската национална конвенција од таа локација во вторникот вечер.

Таа, со тој говор,  ќе го прекрши федералното правило против употребата на Белата куќа за политички функции, иако другите администрации ја заобиколуваа таа мерка, посочува “Njuzer”.

Сепак, добра вест е дека малусите што го отстрани Меланија ќе бидат пресадени во друг дел од дворот на Белата куќа.

Во меѓувреме, Доналд Трамп сподели „твит“ во знак на поддршка на неговата сопруга, на која нејзиното име повторно беше погрешно напишано – Melanie наместо Melania.

Извор: blic.rs

Фото: upi.com