Оштетениот асвалт и дупките што го „красат“ патот кон Средно Водно изутрината осамнаа со жолта боја, која точно го покажува обемот на секој кратер на патот. Корисниците на социјалните мрежи коментираат и споделуваат фотографија, која илустративно ги покажува дупките што задолжително треба да се избегнат при движењето. При тоа, со критики и иронија се покажува кон Град Скопје.
Од официјалниот профи на Градот одговорија:
-Почитувани, патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот и за истиот треба да се грижи Јавното претпријатие за државни патишта. Што е до нас, ќе алармираме за ова до надлежната институција. Ви благодариме.
На ова добија одговор и преписката продолжува:
Почитувани, не е доволно да исперете раце дека не е ваш проблем. Кога можете преку Градски паркинг да наплатувате паркинг на Средно Водно и кога жителите на Горно Нерези се жители на Скопје не можете да се правите глуви и слепи за состојбата на патот.
Град Скопје:
Паркингот на Средно Водно е во надлежност на градот и средсвата од наплатата на тој паркинг се наменети за зазеленување на Водно. Тоа не го менува фактот дека патот е регионален и за него е одговорна друга институција што е токму за тоа, одржување на регионални патишта.
фото:Твитер