Играчот на Сакраменто ќе го засили белградски Партизан – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 6:24 PM

Играчот на Сакраменто ќе го засили белградски Партизан

Американскиот центар и поранешен кошаркар на Сакраменто Кингс, Ерик Мика, денеска потпиша договор со црно-белите.

Висок 208 сантиметри, Мика се очекува да биде огромно засилување за екипата на Владо Шчепановиќ, а неговото пристигнување во српската престолнина се очекува за неколку денови.

Дипломецот на „Бригем Јанг Универзити“ настапуваше во G-league во развојниот состав на Сакраменто Кингс, а во 2020 година накратко беше прекомандуван во првиот тим и го делеше паркетот со Богдан Богадновиќ.

Сениорската кариера Мика ја започнува во Пезара, потоа преминува во Бреша, а од кинескиот Синкјанг Тајгерс се сели во НБА лигата. Во сезоната 2019/20 во развојата лига, Мика за Кингси забележил учинок од 18.7 поени по меч и 11.9 скокови за 30.7 одиграни минути на терен.