На Арарат падна снег – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 10:57 AM

На Арарат падна снег

На Арарат,  највисоката планина во Турција, заврна првиот сезонски снег, јавува „Анадолија“.

Дождот, кој деновиве паѓаше во регионот на Источна Анадолија, на врвот на планината Арарат, кој е највисоката точка во државата, се претвори во снежни врнежи.

Планината Арарат со својата височина од 5.137 метри се нарекува „покрив на Турција“. Делот од планината од врвот до 4.000 метри надморска височина е покриен со снег.

Паѓањето на првиот снег на Арарат се дефинира како предвесник на зимата.

Претседателот на Клубот за култура, природа и фотографија на Игдир, Мухамед Акуш, во изјавата за „Анадолија“, рече дека заедно со првиот снег започнуваат и подготовките за зимата.

„Снежните врнежи на планината Арарат ги сфаќаме како предвесник на зимата. Синоќа заврна снег, за нас ја испрати пораката ‘подгответе се, зимата доаѓа‘“, изјави Акуш.