Дварка, азиската Атлантида: Најмистичниот град е на 36 метри под море, се поврзува и со Александар Македонски – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 10:24 AM

Дварка, азиската Атлантида: Најмистичниот град е на 36 метри под море, се поврзува и со Александар Македонски

Меѓу најголемите мистерии во светот, според многумина експерти, е потопениот град Дварка во Индија. Азиската Атлантида се наоѓа 36 метри под вода, а првите посериозни изтражувања на локацијата почнуваат во 1979 година.

До денес траат котроверзите кој го изградил тој град и зошто сега се наоѓа под вода. Ни на едно од овие прашања не постои одговор. Научниците утврдиле дека Дварка е изградена некаде околу 526 година пред новата ера. Потоа бил поврзуван со Александар Македонски, неговиот поход на Индија и изградбата на утврдени градови. Некои истражувачи сметаат и оти градот е стар 10.000 години.

Името Дварка значи „златен град“ и, според толкувањата на некои индиски истражувачи, тоа може да се поврзе со епот „Махабхарата“ и оти е подигнат во чест на хинду-божеството Кришна. Сепак, никој нема одговор како овој град, чија најдолга страна е долга дури осум километри, во тоа време бил направен од гранитен камен и како населбата завршила под вода.

Градот имал правилно распоредени згради, улици и плоштади. Оние што сметаат дека се работи за градот што го опишува „Махабхарата“ велад дека, ако е така, допрва треба да се откриваат други делови на градот, кој, според преданието, имал 900.000 згради!