Не го оставаат на мир: Севернокорејскиот лидер сега е „во кома“!? – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 9:21 AM

Не го оставаат на мир: Севернокорејскиот лидер сега е „во кома“!?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не го оставаат на раат. Неодамна одвај „преживеа“, а сега пак бил во кома!? Тоа го изјавил поранешен соработник на покојниот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, откако Ким неколку свои овластувања овластувања и’ предал на својата помала сестра. Веста веќе масовно се прошири низ светските медиуми.

Чанг Сонг Мин за јужнокорејски медиуми вчера изјавил: „Претпоставувам дека е во кома, но неговиот живот се уште не завршил“.

Чанг Сонг Мин вели дека медиумите објавувале фотографии каде што се гледало дека Ким Џонг Ун присуствувал на владини средби во четвртокот, но новинската агенција Ројтерс не можела да ја провери веродостојноста на фотографиите.