Ekсплозија на гасовод ја остави Сирија без струја, дали се работи за терористички акт? – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 9:10 AM

Ekсплозија на гасовод ја остави Сирија без струја, дали се работи за терористички акт?

Експлозија на гасоводот во близина на главниот град Дамаск доведе до општ прекин на електричната енергија во Сирија, објави сириската државна телевизија, повикувајќи се на Министерството за енергетика, а Министерството за нафта не ја исклучува можноста дека може да се работи за терористички напад.

„Експлозијата на арапскиот гасовод меѓу округот Думаира и Адра во провинцијата Дамаск доведе до целосен прекин на електричната енергија во Сирија“, изјавил министерот за енергетика, Зуеир Харбутли.

Сирискиот министер за нафта и минерални суровини, Али Ганем, пак, изјавил дека експлозијата на гасоводот што го снабдува јужниот регион на земјата може да биде терористички напад.

.Надлежните соопштуваат дека санирањето и поправките почнале веднаш по експлозијата и оти ситуацијата брзо ќе се врати во нормала.