Кино салите и театрите после шестмесечна пауза почнуваат со работа во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 7:46 AM

Кино салите и театрите после шестмесечна пауза почнуваат со работа во Србија

Кино салите и театрите од денеска, после шестмесечна пауза поради пандемијата со корона вирусот, подготвени се повторно да примат публика, а можно е и одржување на концерти.

Кризниот штаб за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид 19 одлучил на 21 ви август дека од денеска (понеделник) да се дозволи одржување  на културните настани со присуство на публиката, освен во кино салите, и во театрите и на концернитие во институциите за култура со што организаторите мора да се придржуваат до строги правила.

Дозволено е присуство на публика или гледачи, но нивниот број не смее да надмине 500. Тоа значи дека ниту во кино салите и тетарите, но и во погоелми хали и арени, не смее да има повеќе од 500 гледачи.

Организаторите треба да се придржуваат до сите превентивни мерки при организирање на случувањата, кои се договорени на состанокот со премеирката Ана Брнабиќ и претставници на тетарите, кино салите и манифестации. Мора сите да носат маски и да ја почитуваат физичката дистанца од 1,5 метри, односно едно празно седиште помеѓу присутните. Одредена е и адекватан физичка дистанца на случувањата на отворено.

Посетата во старечките домови и установи на социјална заштита повторно се дозволени од сабота, 22 август во временски интервал од 10 до 18 часот со претходна најава.

Преземено од: https://www.danas.rs/