НАСА: Астероид ќе помине покрај Земјата на втори ноември – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/20 2:34 PM

НАСА: Астероид ќе помине покрај Земјата на втори ноември

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на втори ноември покрај планетата Земја ќе помине астероид.

Како што наведуваат, астероидот означен како „2018VP1“ има дијаметар малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно би било мало.

Експертите велат дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.

„Си-Ен-Ен“ како интересен факт го наведува тоа што астероидот ќе мине покрај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД.