Стампедо во ноќен клуб во Перу – најмалку 13 лица загинаа бегајќи од полицијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/20 1:28 PM

Стампедо во ноќен клуб во Перу – најмалку 13 лица загинаа бегајќи од полицијата

Најмалку 13 лица починаа во стампедо во ноќен клуб во Лима, откако полицијата изврши рација поради непочитувањето на мерките против ширењето на новиот коронавирус, пренесува „Би-Би-Си“.

Властите соопштија дека повеќе од 120 лица се обиделе да излезат преку единствениот излез од клубот, по што настанала турканица во просторот меѓу вратата и скалите на вториот кат.

Во соопштение од тамошното Министерство за внатрешни работи се вели дека полицијата не користела оружје ниту пак солзавец кога влегле во клубот.

Уапсени биле повеќе од 20 лица.

Ноќните клубови и баровите во Перу се затворени од март годинава поради пандемијата со коронавирус.

Перу има највисока стапка на новозаболени со коронавирус после Бразил, со речиси 600.000 случаи.