Популарнот српски пејач Жељко Самарџиќ, кој последните години имаше необичен имиџ повторнос е танформира. Миленикот на жените долго време своите обожаватели ги натера да се колебаат- додека едни велеа дека новиот имиџ му е добар, други веле дека личи на старец и воопшто не му стои. Но, се чини дека и на нему веќе му здосадија брадата и мустаќите па реши да се врати на полесната варијанта, на себе си.
https://www.instagram.com/p/CDOOBR3h6nX/?utm_source=ig_embed
Тој се појави избриче, разубавен како некогаш. Дека овој имиџ му е многу подобар и поубаво му прилега се сложија и многу жени во коментарите. „Стариот волк“ реши повторно да шармира.