МРВ соопшти дека вчера (21.08.2020) околу 18.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во фирма во Кочани, додека извршувал работни задачи, се повредил К.А.(44) од Кочани, по што бил пренесен во Општа болница Кочани, каде што по кратко време починал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.


