Оди дружи се со Чичолина- Сексистички напади на италијанската адвокатка Моника Патијо Гомез поради политика – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 12:13 PM

Оди дружи се со Чичолина- Сексистички напади на италијанската адвокатка Моника Патијо Гомез поради политика

Откако ја објави својата кандидатура за членка на Демократската партија на следните регионални избори во Италија, закажани за септември, адвокатката Моника Патијо Гомез беше бомбардирана со стотици сексуално-расистички навреди за само неколку часа.

„Врати се на Колумбија“, „оди на улица“, „дружи се со Чичолина“, (поранешна порно ѕвезда) и слично.

Гомез, кој е со потекло од Колумбија, живее и работи 20 години во Фиренца, мажена и мајка на тригодишен син, а нејзина професионална специјалност е меѓународното право и имиграцијата.

“Жално е што една жена која се осмелува да влезе во политика, треба да ја плати оваа цена. Денес тие ме напаѓаат мене, а утре друг. Знаев каква е политичката клима, но кога ќе доживеете нешто сами, сè е различно од тоа што ќе го прочитате” , вели Гомез, чиј случај се пресели од страниците на Фејсбук на насловните страници на дневните весници и другите медиуми.

Пред да стане адвокат, Гомез работеше како фабрички работник, во канцеларија како сметководител, за да се издржува, а кога дипломирала, се посвети на борбата за правата на имигрантите од Јужна Америка, особено на жените во нивната борба за независност.

Таа е основач на здружението „Жени мигранти“.

„Посакував да станев позната по мојата работа, за моите идеи и за мојата визија за иднината, не за овие фашистички испади на омраза. Омразите се производ на политичката клима и политичката пропаганда кон странците“, рече Гомез.

По навредите и грубите зборови, таа одлучи да размисли дали да започне политичка кариера.

„Но, јас сигурно нема да се откажам од мојата борба токму заради овие стереотипи и предрасуди. Сакам во иднина да нема разлика кога ќе згреши некој  што по раѓање е Италијанец и некој што го стекнал тоа право со доаѓање и работа “, истакна таа.

После дождот на навреди и пцуењето од веб хејтери, голем број политичари изразија поддршка за Моника Гомез.

„Ние сме на спротивната страна на дивјаците зад тастатурата на компјутерот. Ние гордо се бориме против расизмот и сексизмот на оние кои вербално го нападнаа Гомез, а токму заради тоа и против тоа, ја кандидираме  Гомез во име на нашата партија “, рече секретарот за Тоскана на Демократската партија, Симона Бонафе.

Извор: alo.rs

Фото: mondo.rs