Доживотен затвор за полицаецот што силувал десетици жени и убил 13 луѓе во САД – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 9:27 AM

Доживотен затвор за полицаецот што силувал десетици жени и убил 13 луѓе во САД

Џозеф ди Ангело (74), поранешен полицаец кој со години ја тероризираше Калифорнија, убивајќи 13 луѓе и силувајќи десетици жени, е осуден на доживотна робија.

Ди Ангело, кој призна 13 убиства и десетици силувања, ќе го помине остатокот од животот во затвор без можност за евентуално помилување или порано отпуштање од затвор, а тоа било дел од спогодбата со него за да ја избегне смртната казна.

Ди Ангело беше еден од најозогласените сериски убијци во САД во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Провалувал во куќи, силувајќи и мачејќи жени и девојки, а некои и убил в кревет. Насилно влегол во 120 домови во 11 сојузни држави во САД во текот на неговите крвави походи.

Масовниот убиец и силувач призна уште неколку десетици силувања, кои, правно гледано, веќе се застарени.

„Искрено ми е жал поради сите оние што сум ги повредил“, рекол пред судот Ди Ангело.

Тој во јуни призна дека е виновен во текот на сослушувањето што траеше три дена, а на кое зборуваа преживеани жртви или семејства на убиените.