Полубратот на екс-американскиот претседател Барак Обама, Малик Обама, повторно во медиумите зборуваше за својот брат, нарекувајќи го студен и немилосрден. Малик деновиве даде интервју за „Њујорк пост“ преку Скајп од неговиот дом во кениско село, а повод беше неговата нова книга „Големиот зол брат од Кенија“, пренесува „Дејли меил“.
„Се збогати и стана сноб. Тоа е личност што сака луѓето да ја обожуваат. Тој можеби треба да се обожува, но јас тоа не го правам. Јас сум му постар брат“, вели Малик.
Затоа и не изненадува што тој го поддржува актуелниот претседател на САД Доналд Трамп за изборите на 3 ноември.
„Јас сум со Трамп 110 отсто. Не е фолирант. Јасно кажува како ги гледа работите. Одважен е, нестрашлив и тврд“, изјави Малик Обама.