Светлана Тихановскаја, противкандидаткатата на Лукашенко на последните претседателски избори, која сега е во Литванија, изјави дека нема да се кандидира на евентуални скорешни нови избори за претседател на Белорусија.
„Немам такви планови“, рече таа во интервју за телевизијата „Белсат“, одговарајќи на прашањето дали таа или нејзиниот сопруг би се кандидирале на нови избори.
Инаку, таа се вклучи во претседателската трка откако Централната изборна комисија ја одби пријавата на нејзиниот сопруг, блогерот Сергеј Тихановски, кој беше уапсен кон крајот на мај на предизборен собир, пренесува ТАСС.
На изборите победи Лукашенко со 80 отсто од гласовите, а Тихановскаја доби околу десет отсто, но во Белорусија уште траат протестите зашто илјадници демонстранти ги оспоруваат резултатите.