Кои се најголемите грешки што може да го саботираат разговорот за работа? – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 7:28 PM

Кои се најголемите грешки што може да го саботираат разговорот за работа?

Хрватскиот магазин Космополитан објави листа на работи кои може да го загрозат вашето добивање на нова работа. На прво место се најде доцнењето. Доколку сепак претпоставувате дека ќе задоцните, дури и тогаш кога се во прашање само неколку минути, информирајте го за тоа потенцијалниот работодавач, а кога ќе пристигнете задолжително извинете се.

Не се ракувавте кога се запознавте, ниту на крај од разговорот

Ракувањето не е само знак за почит, туку и начин за потврда на се што било кажано за време на разговорот. Ракувајте се кога ќе стигнете – тоа е дел од запознавањето, но и кога ќе заминувате бидејќи така ќе покажете благодарност.

Користење речник со неативни конотации

Погрижете се негативните коментари за претходното работно искуство да ги оставите за себе. Дури и она што не ви се допаднало, треба да го објасните на пристоен начин.

Пребрзо зборување

Можеби сте нервозни и имате трема, но не брзајте! Дишете длабоко, концентрирајте се и дајте и на личноста со која разговарате прилика да го разбере она што сакате да го кажете. Оставете простор за дијалог, а избегнувајте монолог.

Гледање во под

Нема ништо полошо од кандидат за работа кој избегнува контакт со очите. Точката на која мора да се фокусирате се впрочем очите на личноста со која разговарате за работа,  не  подот во просторијата.

 

Извор: cosmopolitan.h