Мачка со потекло од Тунис, завршила во Германија, откако била заклучена во контејнер за испорака и во него го преминала Медитеранот, објавила оваа недела германската полиција.
„Таа веројатно се качила во приколка“, изјавил портпаролот на баварската полиција, каде е откриена.
Малиот патник го преминал морето и отпатувал по копно до германска компанија чии работници ја повикале полицијата, откако слушнале мјаучење од контејнерот.
Полицијата открила мачка која и покрај тоа што била гладна и жедна, била во добра состојба. Мачката била згрижена од страна на локален ветеринар.
Преземено од:https://www.srbijadanas.com/