Пеењето е по безбедно од говорот при пренесување на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 1:49 PM

Пеењето е по безбедно од говорот при пренесување на Ковид 19

Пеењето не произведува многу аеросолни честички од говорот со сличен јазичен глас, што би значело дека не е поризично за ширење на коронавирусот, покажуваат научните истражувања.

Научниците утврдија дека е круцијално колку личноста е гласна, според истражувањето што сè уште не поминало низ научна рецензија, пишува Би-Би-Си.

Проектот наречен „Изведба“ го проучувл количеството аеросоли и капки генерирани од изведувачите, а наодите на студијата може да влијаат врз изведбите кои се одржуваат во затворен простор.

Во многу земји се воведени строги епидемиолошки правила за настапи на пејачи и актери.

Аеросолите се ситни честички кои се издишуваат и лебдат во воздухот, а се зголемуваат. Се повеќе докази има дека коронавирусот може да се шири на овој начин, како и капките што паѓаат на површината и потоа се допираат.

Во истражувањето биле вклучени 25 професионални изведувачи од различен пол, возраст и етнички групи кои настапуваат во мјузикли, опери, црковни хорови, џез и поп музика.

Истражувањето е спроведено од научници од Универзитетот во Бристол.

Сите испитаници настапиле со изведби од пеење до зборување „Среќен роденден“ со различен говорен интензитет во театар во услови коде немало други аеросоли освен оние што самите ги произведувале.

Ова на научниците им овозможи да ги анализираат аеросолите што ја следат секоја изведба. Откриле дека јачината на гласот има најголем ефект врз количината на произведен аеросол.

Беше забележано дека постои одредена разлика, иако не и значајна, помеѓу зборувањето и пеењето со ист интензитет. Извикувањето и пеењето со најсилен интензитет создава 30 пати повеќе аеросоли.

Вентилацијата во театарскиот простор влијаел и на тоа како аеросолите ќе се распоредат во воздухот. Големината на просторот и јачината на вентилацијата влијаеле на концентрацијата на аеросолите.

„Нашето истражување обезбеди силна научна основа за препораки за безбедни уметнички изведби, поврзани со ковид-19, како за изведувачите, така и за публиката, со обезбедување простор што е соодветно вентилиран за да се намали ризикот од пренесување на вирусот“, вели авторот на студијата Џонатан Рид, професор по хемија на Универзитетот во Бристол.

Д-р Руперт Бил од Институтот Франсис Крик вели дека ова е важно истражување што укажува дека не постои преголем ризик од пренесување на вирусот преку пеење и додава:

„Но, поголем ризик е придружуван од гласно говорење и гласно пеење. Ова истражување ја поддржува можноста за безбедни изведби со соодветни мерки на претпазливост, како што се одржување на физичко растојание и вентилација“.

Д-р Џулијан Танг, експерт за респираторни болести на Универзитетот во Лејкерс, додава дека ризикот се зголемува кога група пејачи пеат и пеат пред публика заедно, без разлика дали се во цркви, концертни сали или театри. Секако дека е потребно повеќе истражување.

Преземено од: http://rs.n1info.com/