Левиот бек на Виган, Антони Робинсон, ќе стане и официјално првото засилување на повратникот во елитата Фулам. Американскиот репрезентативец ќе потпише со тимот на Скот Паркер, а Фулам ќе мора на Виган да му плати отштета од два милиони фунти.
Во летниот трансфер период Робинсон го привлече вниманието и на уште два премиерлигашки тимови, Шефилд и Евертон, но на крајот Фулам е тој што ќе реализира трансферот на младиот Американец.
За Робинсон изминатата година имаше сериозен интерес и од екипи надвор од Англија. Италијански Милан при крајот на летниот трансфер прозорец во 2019 се обиде да го ангажира Робинсон и договорот практично беше постигнат, но челниците на Милан се предомислија во последен момент и Робинсон остана во Чемпионшип.
Поради административните и финансиски проблеми, Виган во моментот мора да продава фудбалери по секоја цена и Робинсон беше првиот од тимот од кој всушност „Латикси“ можеа финансиски да исползуваат.