Лекарите ја прогласиле за мртва, „оживеала“ во мртовечница и ги шокирала вработените – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 10:07 AM

Лекарите ја прогласиле за мртва, „оживеала“ во мртовечница и ги шокирала вработените

Зинаида Кононова (81)  била прогласена за мртва по операција на дебелото црево во Русија. Нејзиното семејство било известено и започнало со организирање на погребот. Телото на „покојната“ било пренесено во мртовечница во окружната болница во Горшеченскиот регион на 14 август во еден часот по полноќ.

Но, по седум часа, во осум наутро, работничката во мртовечница „доживеала шок“, кога ја нашла бабата како лежи на подот. Таа веројатно паднала кога се обидела да се симне од масата во мртовечницата и да избега, пренесува „Дејли стар“.

Возач на брза помош, кој случајно се нашол во близина, слушнал врева и влегол во зградата. Раскажал како ја слушнал исплашената работничка во мртовечницата како вели: „Бабо лежи, бабо биди мирна “. Мислел дека работничката полудела. Потоа Кононова била пренесена на интензивна нега во болницата.

Хирургот и анестезиологот подоцна признале дека ја испратиле Зинаида во мртовечницата еден час и 20 минути откако таа била прогласена за мртва, наместо да почекаат два часа два часа, како што се барало со правилата. Бабичката сега е во Курск на лекување, а началникот на болницата, е суспендиран додека истрагата не заврши, бидејќи роднините, како што изјавила Татјана, внука на „починатата“, планираат да ја тужат болницата.