Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги засилува границите со Литванија и Полска. Испратен е баталјон со тактички балистички ракети и повеќецевни фрлачи на проектили, како и единици со беспилотни летала и системи за воздушна одбрана.
Претходно, Лукашенко му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија, како и да ги стави трупите на западната граница на земјата во целосна подготвеност, потенцирајќи дека ситуацијата во овој дел од земјата ескалира.
Ситуацијата во Белорусија ексалира по одржувањето на претседателските избори, чии резултати (Лукашенко освои 80 отсто од гласовите) ги оспорува опозицијата и заради што се орагнизираат секојдневни демонстрации. ЕУ вчера соопшти дека не ги признава резултатите, повикувајќи на дијалог, но и најавувајќи санкции.