Рената Дескоска нема да биде министерка, Дамјан Манчевски го презема МОН – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 6:16 PM

Рената Дескоска нема да биде министерка, Дамјан Манчевски го презема МОН

Министерката за правда Рената Дескоска нема да биде во новата влада, туку се враќа на Правниот факултет. Дескоска останува македонски претставник во Венецијанската комисија, по завршувањето на мандатот на нејзината колешка, Тања Каракамишева. СДСМ го презема ресорот образование, каде се очекува министер да биде Дамјан Манчевски, досегашен министер за информатичко општество и администрација. Таму се очекува кадар на ДУИ – Ширет Елези.