Грција ќе ги прошири ограничувањата на островот Миконос, популарната туристичка дестинација и крајбрежниот регион Халкидики на северот на земјата, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија надлежните за цивилна заштита.
Забавите се целосно забранети, најмногу девет лица ќе можат да присуствуваат на сите јавни и приватни собири, а носењето маски е задолжително во затворено и на отворено. Најмногу четири лица можат да седнат на иста маса во рестораните, но ако се блиски роднини, од нив може да има шест.
Ограничувањата ќе стапат во сила од 21 до 31 август.
Грција забележа рекордни 269 нови случаи на коронавирус во земјата на 26-ти февруари.
За борба против зголемениот број на заразени, владата ги ограничува јавните собири, затвора барови и ресторани на полноќ и ги повикува младите да носат маски кога ќе се вратат од одмор.
Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалис им рече на новинарите дека Грција и покрај зголемувањето на инфекцијата, сепак е во „подобра состојба“ од другите европски земји. Тој рече дека Грција е на 180-то место по бројот на починати на милиони жители и дека 83% од неодамнешните инфекции се резултат на неодржување на социјална дистанца.
На Миконос, островот кој никогаш не спие, големите забави на плажите на врвот на летната сезона ги принудија властите да ги ограничат.
Грција пријави вкупно 7.472 случаи на коронавирус и 232 смртни случаи заклучно со вторникот.
Според податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести, во изминатите две недели Грција има 24,4 случаи на ковид-19 на сто илјади жители.
Преземено од:http://rs.n1info.com/