Малку познат цицач сроден со слонот, но со големина на глушец, е откриен во Африка откако никој не го видел веќе 50 години и се сметаше за изумрен, пишува ББС.
Животното е пронајдено живо и здраво во Џибути, земја на рогот на Африка, во текот на една здравствена експедиција.
Овој вид е во сродство со слонот, со африканскиот мравојад и со морската крава. Има специфичен нос сличен на сурла на слон, со кој се храни со инсекти.