На жител на Загреб,главниот град на Хрватска, деновиве му пристигнала разгледница од Бразил, која патувала дури 19 години.
„Испратиш разгледница од Рио де Жанеиро во 2001, а ти стигнува во 2020 година. Пријателот што ја доби мојата разгледница ми се јави и праша зошто не сум му кажал дека повторно сум бил во Бразил. За жал, сега не патував јас, туку ’заглавила’ мојата разгледница што му ја испратив пред 19 години“, изјавил испраќачот „24 сата,хр“.
Од Хрватска пошта велат дека таа ги доставува пратките на подрачјето на Хрватска и оти немаат информации каде се наоѓала разгледницата и зошто патувала токлу години. Според броевите на печатите, можело да се претпостави дека таа „заглавила“ некаде во Бразил.