За колку време познатите директори заработуваат балканска годишна плата? – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 7:38 AM

За колку време познатите директори заработуваат балканска годишна плата?

Петнаесетина најплатени извршни директори на технолошки компании во САД имаат збир на годишна плата поголема од 83 милијарди американски долари.

За подобро да се види колку заработуваат највисоко платените луѓе во индустријата, тимот на Simple Texiting, користејќи финансиски извештаи од 2019 година, разви калкулатор во кој корисниците можат да ги внесат своите приходи или одредени трошоци за да видат колку време е потребно Џеф Безос, Елон Маск или Марк Цукерберг да заработат или да го исплати истиот износ.

Користејќи ги најновите податоци од канцелариите за статистика во регионот, Ал Џезира Балкан ги искористи платите на неколку извршни директори со просечните плати во регионот.

Така, тие дошле до информации дека Џеф Безос за неполни три секунди заработува просечна годишна плата како во Босна и Херцеговина (6.726 долари). Марк Цукерберг ја заработува просечната годишна плата на еден работник во Црна Гора за една минута и 48 секунди. Еве го подеталното истражување:

Џеф Безос – Амазон
* за три секунди заработува просечна годишна плата на работник во Босна и Херцеговина (6.726 долари)

Елон Маск – Тесла
*за една минута и 36 секунди заработува просечна годишна плата на работник во Србија (7.072 долари)

Марк Цукенберг – Фејсбук
*за една минута и 48 секунди заработува просечна годишна плата како работник од Црна Гора (7.452 долари)

Тим Кук – Епл
*за 52 минути и 48 секунди заработува просечна годишна плата на работник од Хрватска (12.557 доалри)

Астја Недела –Мајкрософт
*за три часа, 35 минути и 24 секунди заработува просечна годишна плата како работник на Словенија (17.587 долари)

Преземено од: https://www.danas.rs/