Љубовта кон себе е еден од најважните аспекти во животот. Врската што ја имаме со себе е најважната во животот – секоја секунда, до крајот на животот, ние ќе ја поминеме со себе и затоа секој мора себеси да си биде приоритет. Понекогаш луѓето мислат дека да се сакаш сам себе е себично. Меѓутоа, таквата љубов ние може да ја пренесеме и на другите во секојдневните активности. Тие што ќе ги „допреме“ со својата љубов можеби ќе одлучат да бидат љубезни кон некоја трета личност. Едно е сигурно – љубовта кон себе може да го промени светот. Не само вашиот, туку и на оние во вашето опкружување.
- Луѓето што се сакаат себе и знаат кои се, имаат повеќе сочувство кон другите.
- Луѓето кои се сакаат себе, гледаат повеќе љубов насекаде во своето опкружување.
- На крајот на краиштата, само луѓето кои се сакаат себе, се способни вистински да ги сакаат другите.
Некои луѓе ја поистоветуваат љубовта кон себе со прошетки во природа. За други тоа е топла купка, чаша вино и убава музика. Потрудете се овие едноставни навики да станат дел од вашето секојдневие. Кога се чувствувате подобро во сопствената кожа, многу поедноставно е да бидете успешни во секоја ситуација.
Кои се едноставните навики што може да ги практикувате секој ден за да го подобрите квалитетот на најважниот однос во вашиот живот?
Бидете присутни
Во текот на денот прашајте се самите себе како сте – дали сте задоволни, дали нешто ви пречи, што може да направите за да се чувствувате подобро? Бидете свесни за своите мисли, обрнете внимание на разговорот што се случува во вашата глава – проверете дали ви служи во позитивна смисла. Кога ќе почувствувате дека е потребно, застанете и концентрирајте се на таквиот момент.
Кажете „не“
Еден од најголемите предизвици за многу луѓе е да се заложат за самите себе. Да ги одбиете луѓето понекогаш може да биде тешко, но и неопходно. Еден од најголемите начини да си покажете себеси колку сте важни е да ги одбиете понудите што не ве привлекуваат. Без оглед на тоа дали се работи за излегување со пријателите, чување на туѓ домашен миленик и слично, ако не сакате да го правите тоа кажете „не“. Вашето време е вредно – не трошете го на она што не ве исполнува.
Градете значајни односи во животот
Како шо не би требало да го трошите сопственото драгоцено време правејќи работи што не сакате да ги правите, не треба ни да го трошите на луѓе со кои всушност не сакате да бидете. Опкружете се со луѓе што ве инспирираат, кои ве туркаат напред, луѓе што вистински сакаат да ви е добро. Луѓето што ве опкружуваат имаат големо влијание на квалитетот на вашиот живот. Погрижете се за тоа таквиот впечаток да биде позитивен.
Благодарност
Наједноставниот начин за убав живот е навиката на благодарност. Кога свесно се трудите да пронајдете нешто за што би можеле да бидете благодарни, бргу ќе забележите дека се опкружени со многу благослови. На крајот на краиштата, денеска сте се разбудиле и треба да бидете благодарни за тој преубав подарок.
Уживајте во ситниците
Колку често се случува да сте толку зафатени што заборавате да уживате во ситниците? Секој ден одвојте време за уживање во ситниците – мирисот на свежо косена трева, прегратки со домашниот миленик…Многу убави моменти може да ви случат секојдневно. Забележете ги, уживајте во нив и насмејте се.
Секојдневно грижете се за своето тело
Вашето прекрасно тело е покрај вас во текот на целиот живот и во овозможува да искусите се’ во животот. Логично е да се грижите за него најдобро што можете. Уживајте во купка, овозможете ги убав третман. Зајакнете го вашето тело и направете го пофлексибилно, затоа што е многу поудобно да живеете со здраво тело полно со енергија. Хранете се здраво. Повеќето од овие навики не бараат специјално време, меѓутоа влијанието што може да го имаат на квалитетот на животот е непроценливо.
Извор: krenizdravo.hr